Почетна Вера МПЦ-ОА Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид
Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид

102
0

Младиот Мартин Гоџо од населбата Варош во Охрид денеска го фати светиот крст кој беше положен во водите на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќниот меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на езерото, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *