Марко служел во руска црква во Стразбур

Date:

Share post:

Епископот Делчевско-каменички Марко служел во Стразбур во храм на Руската православна црква. На 26 септември 2025 година, за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, владиката Марко, го посетил ставропигијалниот храм на Руската Православна Црква во Стразбур, во Франција. Старешината, архимандрит Филип, го поканил да учествува во прославата на празникот.

Како што објави Литургија.мк, со благослов на Рускиот патријарх Кирил епископот Марко, началствувал на празничното бдение, и изнесувањето на Чесниот и Животворен Крст, во сослужение на архимандритот Филип и повеќе свештенослужители од Руската Православна Црква, Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Следниот ден, во истиот храм, Марко служел и Литургија.

-По прочитаната празнична евангелска перикопа, Епископот г. Марко во својата беседа се заблагодари на Рускиот Патријарх г.г. Кирил за благословот да служи Света Литургија во велелепниот храм, токму на празникот Крстовден, како и на старешината на храмот, архимандритот Филип, за братската покана изразувајќи надеж за повторно сослужување и заедничарење во Христа и во Македонија, пишува Литургија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img