Марко и Јаков гости на СПЦ во спомен на владиката Атанасиј Јефтиќ

Date:

Share post:

Црковна делегација на МПЦ-ОА во состав на епископот Делчевско-каменички Марко и викарниот епископ Стобиски Јаков беше на одбележувањето на годишнината од смртта на Атанасиј Јефтиќ, поранешен епископ на епархијата Захумско-Херцеговачка и приморска на СПЦ во Босна.

Во неколкудневната посета на СПЦ, архијереите на МПЦ-ОА учествувале на неколку настани поврзани со „Деновите во сеќавање на Атансиј Јефтиќ“ на кои учествувале и голем број владици на СПЦ.

Владиците Марко и Јаков учествувале и на светата архиерејска Литургија во Соборниот храм „Преображение Господово“ во Требиње, со која чиноначалствувал Митрополитот Црногорско-приморски Јоаникије. По литургијата бил отслужен и годишен помен на покојниот Епископ Захумско-херцеговачки Атанасиј.  Поменот на гробот на владиката Атанасиј, во манастирот Тврдош, направил епископ Стобиски Јаков, кој во таа пригода имал и беседа.

Претходно двајцата владици на МПЦ-ОА учествувале и на симпозиумот во чест на владиката Атанасиј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img