Почетна Вести Ислам Манчевски: По 1.500 год. нема аџилак во Мека, а Папата ќе држи миса без верници
Манчевски: По 1.500 год. нема аџилак во Мека, а Папата ќе држи миса без верници

Манчевски: По 1.500 год. нема аџилак во Мека, а Папата ќе држи миса без верници

314
0

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вечерва во емисијата „Вин-вин“ на Телма порача дека сите во општетвото вклучувајќи ги и поглаварите на црквите и верските заедници мора да бидат одговорни во моментите кога се води тешка битка во спречување на ширењето на коронавирусот.

Коментирајќи ја изјавата на поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, дека „ако Владата не ни помогне, ќе ја укинеме забрана за посета на џамиите“, тој рече дека ќе се преземат сите демократски методи во насока на почитување на определените мерки.

„По 1.500 години прв пат немаме аџилак во Мека, Папата – врховниот свештеник на римокатоличката црква ќе држи велигденската миса без присуство на верници. Мора сите да однесуваме совесно и одговорно“, рече Манчевски, по изјавата на Реџепи која внесе немир во јавноста и беше протолкувана како закана.

Реисот Реџепи побара финансиска помош за вработените во Исламската верска заедница преку субвенции од минимална плата, во спротивно, како што рече, постои опција да се повлече забраната за посета на џамиите и земјава да стане Бангладеш.

И дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петрвоска, во гостување на ТВ24 рече дека „МВР секојдневно и интензивно ги следи и објавите во медиумите и на социјалните мрежи“

„Навистина оваа изјава на поглаварот на Исламската заедница, мора да признаам дека и кај граѓаните и кај институциите предизвика еден вид на вознемиреност. Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство, за кривична пријава ќе одлучиме заедно, но она што сакам да го потенцирам е дека повикување или изразување на револт кон мерките кои Владата ги дава во интерес на граѓните е несоодветно однесување, особено што ова не е битка само на Владата, или не е битка на општеството, ова е битка на целиот свет“, рече Петровска, која додаде дека се надева дека поглаварот ќе го преиспита својот став.

„Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции воопшто нема да се двоуми да постапи согласно своите надлежности, односно да го заштити интересот на граѓаните кои ги почитуваат мерките кои се донесени“, рече Петровска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *