Македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Kарајанов имал средба со Рускиот митрополит Иларион Алфеев, шеф на одделот за надворешни работи на РПЦ. Средбата се одржала минатата недела, за нејзе Руската црква соопшти преку официјално соопштение.
Во официјалното соопштение на РПЦ нема детали за тоа за што се разговарале Алфеев и Kарајанов.
– Митрополитот Иларион го поздрави дипломатот, а г. Kарајанов изрази задоволство од можноста да се разговара на повеќе теми од заемен интерес, стои во соопштението објавено од одделот за надворешни црковни врски на РПЦ.
Непознато е дали меѓу темите во разговорите било вклучено обновувањето на преговорите меѓу МПЦ и СПЦ; под посредништво на Руската црква, како што се најавуваше, откако Јован Вранишковски излезе од затвор по лобирањето токму на Митрополитот Алфеев.
Според досегашните официјални позиции, разговорите меѓу МПЦ и СПЦ се уште се статус кво.
/РЕЛИГИЈА.МК

