Големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање беше прославен меѓу православните Македонци во Албанија.
Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, Ербеле, Горно Крчиште, Долно Крчиште како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана, пишува порталот Весник-илинден.
Како и секоја година и ова година за Божик, Македонците од Албанија кои се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање.
/vesnik-ilinden.com

