Делчево го одбележа денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј со празнична литија низ улиците на градот и со литургија со која началствуваше, епископот Делчевско-каменички Марко.
Литијата се одржа по литургијата од храмот Св. Кирил и Методиј до параклисот „Свети Климент Охридски“.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, кој учествуваше во Литијата, и кој заедно со владика Марко го прекршија славскиот колач во чест на светите Кирил и Методиј , вели дека просветителите се духовни столбови и небесни заштитници на Делчево.
-Овој ден е потсетник на огромното духовно и културно наследство што ни го оставија светите браќа, но и обврска да ги чуваме вредностите што тие ги втемелија – знаењето, писменоста, верата и заедништвото. Делчево денес со гордост им оддава почит на своите покровители и заштитници, продолжувајќи да чекори по патот на просветата, духовноста и почитта кон традицијата. Нека нивниот благослов биде вечен над нашиот град и над сите граѓани, вели Гоцевски.

