Почетна Вести Христијанство Легендарниот документарец за Света Гора на премиера и во Македонија

Легендарниот документарец за Света Гора на премиера и во Македонија

1.67K
0

Уште едно големо филмско остварување, кое зборува за Православието ќе можат да го види маледонската публика. „Каде си, Адаме?“ е документаренит филм посветен на монашкото секојдневие на Света Гора, манастирот Дохијар, кој од 8 ноември до 16 ноември оваа година ќе биде премиерно прикажан во неколку градови низ Македонија. На 8 ноември во Охрид, во центарот за култура Григор Парличев, на 11 ноември во Кавадарци во домот на културата, на 12 и на 14 ноември во Битола во Центарот за култура и на 14, 15 и 16 ноември во Скопје во Кинотека на Македонија.

Веста за премиерите ја објави отец Бобан Митевски на својот фејсбук профил.

-Со Божја помош и по благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а со посредство и труд на неколкумина браќа и сестри, на Бога познати, официјално пред македонската публика, популарниот православен филм, напиша отец Бобан.

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, и е сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието и радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игумен на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуменот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), како и во Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…

Погледнете ја најавата од филмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *