Лавров : Признавањето на Украинската Црква е провокација со помош на САД

Date:

Share post:

Рускиот министер за надворешни работи , Сергеј Лавров вели дека независноста што ја доби Украинската Православна Црква е провокација на Цариградската патријаршија со помош на Вашингтон.

Во интервјуто објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи, Лавров потенцира  дека станува збор за провокација од патријархот Вартоломеј со јавна и директна поддршка од Вашингтон.

-Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија и се надевам во секоја нормална држава, вели Лавров.

Цариградската патријаршија, по хиерархиската традиција највисока православна црква на светот, вчера по дводневниот состанок на Светиот Синод во Истанбул, ја призна независноста на Украинската Православна Црква, која беше до сега под закрила на Руската Православна Црква.

Денеска портпаролот на Кремљ, Дмитрој Песков изјави дека Русија ќе ги брани интересите на православните верници во случај на верски немири во Украина.

Од друга страна , украинските власти порачаа дека сакаат да избегнат верска војна и дека ќе ги почитуваат одлуките на епархиите кои сакаат да останат лојални кон Московската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img