Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки имал средба со Архиепископот Стефан, во архиепископијата во Скопје.
Ковачки преку фејсбук објави дека на средбата се разговарало за значењето на духовните вредности, единството и улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во зачувувањето на идентитетот, традицијата и моралните вредности на македонскиот народ.
„МПЦ-ОА отсекогаш била столб на нашиот народ и важен чувар на нашата вера, култура и историја“, пишува Ковачки.
Тој додава дека е потребно постојано да се работи на зајакнување на заедништвото и на градење иднина во која ќе се зачуваат националните корени и вредности.

