Коњановски: Со гордост ја одбележуваме 80-годишнината на ФК Пелистер

Date:

Share post:

За јубилејот – 80 години од основањето на ФК Пелистер, денеска во Општина Битола беше остварен прием со највисоките претставници на реномираниот романски клуб ФК Динамо Букурешт.

На средбата присуствуваа претседателот Андреј Николеску, спортскиот директор Козмин Михалеску, директорот за комуникации Богдан Алеку и претставникот на клубот Костир Шолц. Во пријателска и спортска атмосфера беше извршена размена на специјални дресови по повод големиот јубилеј.

-На нашите гости од Романија им посакувам пријатен престој во Битола, натпревар за уживање и многу успеси во нивниот шампионат, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Општина Битола.

Како дел од роденденската прослава, во текот на денот ќе се одржи свечена академија и пријателски натпревар, со што градот Битола уште еднаш ќе ја потврди својата љубов и традиција кон фудбалот и спортскиот дух.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img