Кипарската црква Соборот од Крит го проглас за осми Вселенски Собор

Date:

Share post:

Кипарската православна црква официјално го прогласи Соборот од Крит за продолжение на историските вселенски Собори.

kiparska crkvaЗа Синодот на кипарската архиепископија Светиот и Велики собор на Православната Црква одржан во јуни е практично осми Вселенски Собор на Православната црква и е продолжение на седумте Вселенски собор, како и на другите големи помесни собори, кои ги следеа, од кои некои имаат авторитетот на Вселенски. Отсуството на четири автокефални цркви, меѓу кои и најголемата Руска црква, за Кипар е безначајно прашње.

-Документите, декларацијата и одлуките кои се однесуваат на прашањата разгледувани од Светиот и Велики Собор беа дискутирани подетално во изминатите 50 години, беа договорени и потпишани од сите Православни Цркви. Затоа, не доаѓањето во последен момент на четири помесни Цркви, што се должи на политички, но и на внатрешните за овие Цркви причини, никако не го намалува значењето и авторитетот на одлуките на Светиот и Велики Собор, стои во соопштението на Синодот на Кипарската црква.

Кипарските владици посочуваат дека и на Вселенските Собори во историјата имало Цркви кои не доаѓале и тоа исто така не го намалувал авторитетот на тие Собори.

-На Вториот Вселенски Собор, како што е познато, отсуствува Римската Црква, која тогаш била Православна и тоа водечка катедра, а на Третиот Вселенски Собор отсуствува Антиохиската Црква, стои во соопштението на Кипарската архиепископија.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img