Канонските епсикопи на Православната црква во САД, на 24 јуни 2025 година заседаваа и го осудија терористичкиот напад врз православната црква „Св. Илија“, во Дамаск.
Во соопштението од Собранието стои дека терористичкиот напад врз невините парохјани го осудувааат како кукавички приказ на екстремизам.
-Како што многу водачи на различни религии се изразија во текот на изминатиот половина век, и ние го објавуваме чувството дека насилството во име на која било религија е насилство против сите религии и против самиот Бог. Се молиме усрдно за целата заедница на Св. Илија. Се молиме за целосно, телесно и духовно оздравување на оние кои го преживеаа ужасниот напад, и за нивната ментална благосостојба. За оние кои ги загубија своите животи, се молиме да почиваат во прегратките на Авраам, во место светло, место блажено, место мирно, каде што нема болка, жал ни воздишка. Ја повторуваме нашата осудата на насилството и, како што изјавиме во заклучокот на нашиот годишен состанок на Собранието на канонски православни епископи, „насилство никогаш не може да реши насилство, а мирот треба да се бара по секоја цена, стои во соопштението на Собранието на православни епископи во САД.
Ова тело е дел од собранијата на православни епсикопи во дијаспората кои беа формирани по Соборот во Крит. Во нив членуваат сите каноснки епсикопи на помесните автолкефални цркви кои имаат дијаспора. МПЦ-ОА има своја дијаспора во САД, но таа не е членка на ова тело, иако во него членуваат и СПЦ и Руската црква.

