Почетна Вести Христијанство Кампот по веронаука годинава во „Света Пречиста Кичевска“
Кампот по веронаука годинава во „Света Пречиста Кичевска“

Кампот по веронаука годинава во „Света Пречиста Кичевска“

343
0

Првпат годинава во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ се одржува летниот камп по веронаука, на кој учествуваат 20 млади на возраст од 10 до 15 години, од кои 16 девојчиња и четири машки. Кампот започна со работа во вторникот, на 23 јули, и ќе работи до 28 овој месец. Карактеристично е што сите деца што се дел од овој камп по веронаука се од Кичево.

Годинава кампот работи со намален број деца, за разлика од претходните години, кога се одржуваше во манастирот „Рајчица“, Дебарско.

– Кампот по веронаука традиционално се одржува во манастирот „Рајчица“, Дебарско, но поради презафатеност со работни активности на овој манастир, со благослов на архимандритот Партениј од бигорската света обител, кампот годинава е дислоциран во „Света Пречиста“. Иницијатор на овие кампови по веронаука е токму архимандритот Партениј и ова е прв пат тој да се одржува во друго светилиште – посочи Бошко Сарафилоски.

Инаку, монашкото сестринство во „Света Пречиста“ пристигна од манастирот Рајчица, по смртта на сестра Агнија, за да продолжи монаштвото во овој манастир, со бурна историја и многу премрежиња, и со најголема манастирска црква во земјава.

/Н.Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *