Почетна Политичка теологија Како православните во Македонија паднаа под 50% на последниот попис?

Како православните во Македонија паднаа под 50% на последниот попис?

359
1

Ја покажува ли пописот реалната верска карта во Македонија? Православните и Муслиманите се најзастапени, но она што „боде очи“ е е графата „Христијани“. Дури 242.579 граѓани, или 13,21% процент се изјасниле само како Христијани,  без притоа да ја изјаснат својата религиска група. И оваа графа е всушност трета по големина во изјаснувањето за религиската припадност. Исто така, околу 132.260 луѓе или 7,2% влегуваат во административно попишаните и за нив нема податок каква е нивната припадност.

Владимир Божиновски смета дека причината за ова е што пописот не беше добро подготвен. Вели, попишувачи се бараа во последнот рок, и немаше време вистински да се подготват.

-Ние имаме во иста категорија, тоа е религиска припадност вметнато повеќе методолошки неконзистентни податоци. Значи, вие или прашувате религија, а тоа е Христијанство, Ислам, Будизам, Агностици итн. Или прашувате поконкретно, кадешто прашаувате освен за религија, всушност религиската деноминација. Бидејќи во секоја религија, особено во поголемите религии имате деноминации. Тоа е подгрупа во самата во самата религиозна група, објаснува Божиновски.

Владимир Кржаловски, пак, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител рече дека ќе треба да се провери самиот анкетен лист за да се види каде всушност е направена грешка.

-Не ми е јасно ова со „Христијани“. Не ми се верува дека таква грешка се провлекла во самиот формулар. Можно е да самите граѓани рекле дека се Христијани без да кажат дали се Православни, Протестанти или нешто трето, туку само рекле дека се Христијани. Малку е чудно и голема е бројката за таков пропуст  да се направи. Може требало да се напише кај сите Православни Христијани, Христијани Протестанти и слично, па на граѓаните да им е јасно што се прашува, вели Кржаловски.

Најмалата религиска група во Македонија се Реформисти со само 50 припадници. 16 луѓе не се изјасниле за религиската припадност, а 76 се вметнати под графата „непознато“.

/СИТЕЛ

Коментар(1)

  1. Ние во Битола имаме израз: е, сега, кај Папакоч … иначе Папакоч беше најпознатото фото студио во Битола … значи, слободно да се сликаме …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *