Почетна Политичка теологија Исус, Марија и Јосиф прикажани како бегалци во кафези (ВИДЕО)
Исус, Марија и Јосиф прикажани како бегалци во кафези (ВИДЕО)

Исус, Марија и Јосиф прикажани како бегалци во кафези (ВИДЕО)

367
0

Методистичка црква во калифорнискиот град Клермонт постави божиќна сцена која Исус, Марија и Јосиф ги прикажува како бегалци во кафези, што е очигледна алузија на политиката на раздвојување на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп кон емигрантите што ја минуваат границата.

„Светото семејство тука претставува голем број безимени семејства“, кажа пасторката Карен Кларк Ристин од Обединетата методистичка црква опишувајќи ја божиќната сцена која предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.

„Знаеме за нивното страдање, видовме како се постапува кон тие баратели на азил. Сакавме да ги претставува светото семејство бидејќи и тие биле бегалци“, кажа таа.

Иако класичната божиќна сцена го прикажува Исус набрзо по раѓањето, инсталацијата во Клермонт потсетува на бегството на Јосиф и Марија во Египет од страв од колежот на децата кој го организирал кралот Херод.

Рисин вели дека нејзината црква често ја користи божиќната сцена за да укаже на социјални прашања, како проблемот на бездомниците.

Контроверзните божиќни јасли се поставени пред црквата, додека внатре може да се види традиционалната сцена.

„Ние ова не го сметаме за политичка сцена, туку за теолошка. Добив поддршка од многу непознати луѓе. Беа трогнати“, додаде Рисин.

/mkd.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *