Икони од Бугарскиот и Вселенскиот патријарх поставени во антарктичката база „Св. Климент Охридски“

Date:

Share post:

Икони на Пресвета Богородица со Младенецот и на свети Димитриј беа поставени во новата лабораториска зграда на бугарската истражувачка база „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон на Антарктикот. Иконите се дар од Бугарскиот патријарх Даниил и од Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Раководителот на 34. Бугарска антарктичка експедиција, проф. Христо Пимпирев, изјави дека иконата на Пресвета Богородица била подарена на свеченост во соборниот храм „Св. Александар Невски“, со молитва да ја штити бугарската база и заедницата која престојува таму.

Новата лабораториска зграда, која е во функција од оваа сезона, располага со сместувачки капацитети за 14 лица, лаборатории за биологија и геологија, како и заеднички работен простор. Иконата на свети Димитриј била дарувана лично од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на посетата на делегација од Бугарскиот антарктички институт во Цариград.

Според проф. Пимпирев, иконите се поставени како духовни чувари на идните генерации поларни истражувачи кои ќе работат и престојуваат во базата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img