И покрај војната во Иран над 1.5 милиони аџии стасаа во Саудиска Арабија

Date:

Share post:

Годишниот Аџилак во Мека, еден од петте столбови на исламот, официјално почна во услови на нестабилно примирје во војната со Иран и зголемени регионални тензии и несигурност.

Повеќе од 1.5 милиони аџии пристигнаа во Саудиска Арабија, соопшти одговорниот за Аџилак, Салех бин Саад ал Мураба.

Вообичаено, на првиот ден многу аџии во Мека се собираат во голем камп со шатори во пустината во близина на градот. Претходно, аџиите на високи температури кружеа околу Каба, градбата во форма на коцка сместена во Големата џамија.

Изложени на голема горештина за време на извршувањето на верските ритуали, многу аџии користеа чадори за да се заштитат од сонцето и носеа рачни вентилатори. Волонтерите делеа шишиња со вода, додека големи вентилатори прскаа капки вода за освежување.

Пред почетокот на патувањето, дел од аџиите изјавија дека се потпираат на својата вера и покрај тензиите во регионот и дека чувствуваат голема благодарност што имаат можност да го реализираат ова патување.

Утре, ден кој се смета за кулминација на Хаџот, верниците ќе се соберат за молитва на планината Арафат, каде што пророкот Мухамед ја одржа својата последна проповед.

Поради глобалната несигурност и безбедносните ризици, властите во Индонезија – земјата со најголема муслиманска популација во светот – пред почетокот на сезоната на Хаџ ставија акцент на безбедносните планови и објавија упатства со цел дополнителните трошоци за патувањето да не паднат на товар на самите индонезиски аџии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img