
И јас сум грешник: Папата открил тајна од приватниот живот за која светот не знаел ништо
Не смееме да заборавиме дека идолизирањето на човек е исто така прикриен облик на агресија. Кога ме идолизираат, се чувствувам нападнато – изјави врховниот поглавар на Римокатоличката црква за „Цајт“, додавајќи дека е “грешник и не е без мани“. Папата исто така открива дека му се случува и да се посомнева во верата.
-Има тешки моменти кога знам да кажам: Господе ова не го разбирам!, а тоа не се само моменти на внатрешен немир, туку и тешки ситуации во кои сам сум влегол по сопствена вина“ – изјавил Аргентинецот.
-Јасно ми е дека на некои луѓе не им се допаѓа мојот пристап, и тоа е сосема во ред. Секој има право на свое мислење. Тоа е легитимно, човечки и обогатува“– додал папата, за критиките кои одредени луѓе ги имаат за неговиот однос кон верата.
Без да навлегува во детали, ја споменал и “вереницата“ од својата младост, но додал дека не се подготвувал за женидба. Тоа што го загрижува е популизмот во Европа.
-Популизмот е лош и се завршува лошо, тоа го видовме во претходниот век – изјави папата, додавајќи дека целиот свет е во војна “трета светска војна, која се ширил дел по дел.