Почетна Политичка теологија Христијаните остануваат најбројни во светот, но тие изумираат во Европа
Христијаните остануваат најбројни во светот, но тие изумираат во Европа

Христијаните остануваат најбројни во светот, но тие изумираат во Европа

1.54K
0

Христијаните остануваат најголемата верска група во светот  што претставува речиси една третина (31%) од вкупно 7,3 милијарди луѓе на планетата Земја, покажува најновото глобално истражување за 2015 спроведено од ПЈУ – Истражувачкиот центар за демографски анализи, што го пренесува „религија.мк“. Но, извештајот, исто така, покажува дека бројот на христијани во делот од светот што многумина го сметаат за срцето на христијанската религијата – Европа, е во драстично опаѓање.

Анализите покажуваат дека помеѓу 2010 и 2015 година, во период од пет години, на глобално ниво се проценува дека биле родени 223 милиони бебиња од родители христијани, а приближно 107 милиони христијани умреле. што е природен прираст од 116 милиони.

Но, тоа не е случај меѓу христијаните во Европа. Овој континент е единствениот во кој христијаните имаат негативна стапка на природен прираст од 5.6 милиони во периодот од 2010 до 2015 година.

Во споредба со христијаните, муслиманите имаат пораст за истиот период од 2.3 милиони новородени муслимански деца, а за околу 1.4 милиони е зголемен и бројот на категоријата „unaffiliated“, термин што во истражувањето се користи за оние кои не искажале каква било припадност по религиска основа. Важно е да се акцентира дека овој термин не се поистоветува со класичната декларативност на атеистите.

На глобално ниво, Муслиманите ја сочинуваат втората по големина верска група, со 1,8 милијарди луѓе, или 24% од населението во светот. По нив се оние кои не избираат припадност со  (16%), хиндусите (15%) и будистите (7%). Приврзаниците на народни религии, Евреи и припадници на други религии сочинуваат најмал дел на луѓе во светот.

Од друга страна пак Муслиманите доживуваат најголем природен прираст меѓу сите верски групи, вклучувајќи ги и христијаните. За пет години нивниот природен прираст е 152 милиони (213 милиони родени наспроти 61 милиони смртни случаи), што е за 36 милиони повеќе од бројот на новородени христијани во светот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *