Почетна Вести Грузија: Во долината Илто пронајден е древен христијански храм
Грузија: Во долината Илто пронајден е древен христијански храм

Грузија: Во долината Илто пронајден е древен христијански храм

397
0

Во долината Илто, општина Кахетија, пронајдени се рушевини од еднокорабна христијанска црква. Според информациите од општинскиот културен центар, во близина на територијата се забележани и траги од селски населби.

Раководителот на центарот за култура, Кахи Мамулашвили, вели дека селото Илто практично не е проучено во однос на културно наследство.

„За овој пронајдок нѐ известија локалните жители. Како што претпоставуваат специјалните служби за заштита на спомениците, оваа еднокорабна базилика датира од ранохристијанскиот период во Грузија (IV – XI век). Црквата се наоѓа на тешко достапно место, а во близина на територијата се забележани и селски населби“, вели Мамулашвили.

Според неговите зборови, за овој пронајдок известена е Националната агенција за заштита на културно наследство, која ќе спроведе соодветни иследувања.

/Седмица.ру/ Превод: Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *