Почетна Вести Регион Грчката црква активно се вклучи во кампањата за вакцинација против Ковид 19
Грчката црква активно се вклучи во кампањата за вакцинација против Ковид 19

Грчката црква активно се вклучи во кампањата за вакцинација против Ковид 19

311
0

Грчката православна црква со писмо до верниците ја поддржа вакцинацијата против Ковид 19. Писмото ќе биде читано на сите литургии за време на неделната служба.

Паралелно ГПЦ подготви и информативна брошура за придобивките од вакцинацијата, која ќе им биде делена на верницте во црквите.

На овој начин Грчката црква активно се вклучи во националната кампања за зголемување на вакцинацијата против Ковид 19.

Брошурара е практично изработена во која има 12 прашања и одговори, на кои верниците имаат дилеми. Теолошки и догматски е објаснет црковниот аспект и потребата од вакцинација.

Во поткрепа на ова црквата дала редица примери на светители, кои биле и лекари и свештеници и кои активно придонеле кон сузбивање на светските пандемии.

Светиот Синод на ГПЦ соопшти дека стои зад науката и лекатите и ја поддржува нивната саможртва во оваа пандемија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *