Гоце Атанасовски го извади крстот од осветените води на Каменичка Река

Date:

Share post:

Помеѓу дваесетината момчиња кои денес во чест на Водици скокнаа по светиот Крст во водите на Каменичка Река во Македонска Каменица најсреќен и највешт беше Гоце Атанасовски. Од страна на локалните власти среќниот фаќач на крстот доби и соодветни подароци.

 -Осветувањето на водите на Каменичка Река по повод Богојавление- Водици го следеа повеќе од илјада верници. На сите граѓани има посакуваме добро здравје среќа и успех да ги прати во Новата година.  На највештиот кој денес го извади чесниот крст од водите на Каменичка река му доделивме златник и пригодни подароци, информираа од општина М.Каменица.

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија на која присуствуваа голем број православни верници од општина Македонска Каменица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img