Почетна Вести Христијанство Ѓуровски: Ова е де јуре признавање на МПЦ во лицето на Охридската Архиепископија
Ѓуровски: Ова е де јуре признавање на МПЦ во лицето на Охридската Архиепископија

Ѓуровски: Ова е де јуре признавање на МПЦ во лицето на Охридската Архиепископија

656
0

Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј значи де јуре признавање на МПЦ во лицето на Охридската архиепископијa, професорот Марјан Ѓуровски, во коментар на фејсбук по одлуката на Вселенската патријаршија да воспостави канонско единство со МПЦ-ОА.

-Прифаќањето во канонско единство на верниците и на црковната власт која е во границите на македонската држава е голем успех за црковната ерархија и верниот народ. СПЦ има историска шанса за време на престојните преговори со МПЦ ОА преку заедничко богослужење да ја прифати црковната стварност и заедно се побара од Вселенскиот патријарх да го издаде Томосот за признавање на автокефалноста на Охридската архиепископијa. Престојната средба на Архиепископот г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј како и заедничкото богослужење ќе биде резулат на денешниот историски потег на неговата светост г.г. Вартоломеј. Секоја одлука на неприфаќање на оваа одлука на Царигардската од Московската патришаршија е дефекто јавно манифестирање дека Руската православна црква не ја признава црковната власт на МПЦ Охридската Архиепископија и нејзината автокефалност чие признавање полека, но сигурно станува наша стварност, вели Ѓуровски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *