Почетна Вести Регион Ѓукановиќ: Државата нема да подлегне на уцени
Ѓукановиќ: Државата нема да подлегне на уцени

Ѓукановиќ: Државата нема да подлегне на уцени

162
0

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ порача дека во врска со законот за слобода на религија, државата нема да се согласи на уцена и нема да попушти пред протестите.

Во интервју за црногорската радио телевизија, тој нагласи дека верува оти ќе има дијалог меѓу премиерот Душко Марковиќ и митрополитот на Црногорско-приморски на Српска православна црква Амфилохије за законот, бидејќи според него – нема друг избор.

Ѓукановиќ вели дека СПЦ, одбивајќи да се регистрира, сака да се претстави како некој над државата и да испрати порака дека Црна Гора е теократска држава.

Тој исто така оцени дека „во историјата на човечката цивилизација не е познато дека црква создала држава“.

„СПЦ се обидува да направи преседан. А работите се сосема различни“, рече Ѓукановиќ..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *