Гаши: Среќен Божик, да градиме заедничка одговорност

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод  празник Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

-По повод православниот Божик, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата, се наведува во честитката.

-Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ!.стои во честитката од Гаши.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img