Гаши ја собра политичката елита на Ифтар вечера

Date:

Share post:

Премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи, владиката Јосиф од МПЦ-ОА, Бискупот Киро Стојанов, претставници на верските заедници, како и пратеници од Парламентот, политичари беа дел од Ифтарската вечер што ја организираше претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Настанот за месецот Рамазан беше во Клубот на пратеници, каде гости беа претставници и на власта и на опозицијата.

-Имав чест, во својство на претседател на Собранието на РСМ, да организирам ифтар по повод светиот месец Рамазан.Месецот Рамазан е месец кој нè повикува да размислуваме, да се зближуваме едни со други и да го зајакнеме чувството на солидарност. Им благодарам на сите што ја прифатија поканата и кои со своето присуство го направија овој ифтар уште попосебен. Се надевам дека оваа вечер ќе нè обедини во духот на почитта, мирот и вредностите на кои нè учи Рамазан, напиша Африм Гаши на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img