Почетна Вести Христијанство Г. Агатангел: Не се виновни тие што потпишаа, виновен е народот што молчеше

Г. Агатангел: Не се виновни тие што потпишаа, виновен е народот што молчеше

462
0

Самокритичен говор, со критика кон македонскиот народ, одржа Повардарскиот митрополит г. Агатангел на денот на Соборот на сите македонски светители во Велес, а поврзан со преспанскиот договор. Не тие кои почтпишаа, туки ние кои не се побунивме се виновни вели г. Агатанге.

-Ние сме виновни, не се виновни тие што го потшишаа. Срам за нашиот народ е што никој не излегуваше во одбрана на нашето најсвето име. Не се грижевме воопшто за нашето достоинство. Ние сме генерација која се посрами, генерација која дозволи да ни го одземат она за што се бореа нашите предци, изјави г. Агатангел.

Во говорот сподели разговор со некој дипломат, иако не откри за кој станува збор, во кој вели дека и тој бив зачуден зошто никој не се буни против преспанскиот договор.

-Дојде еден амбасадор во земјава и ми вели, Владико ако ова му се случуваше на мојот народ и држава, ќе имаше големи бунтови, потенцираше г. Агатангел.

Зборувајќи за предизвиците, Агатангел посочи дека и јазикот сакаат да ни го одземат.

-И Гоце не е наш велат. И јазикот не бил наш. Се сакаат да ни замеат. Затоа да си ја сакаме црквата да си ја љубиле државата да си го чуваме јазикот, порача г.Агатенгел, од празникот за Соборот на сите македонски светители.

Погледнете го говорот по 11-тата минута.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *