Почетна Вести Христијанство Форум за руската пропаганда во Македонија
Форум за руската пропаганда во Македонија

Форум за руската пропаганда во Македонија

508
2

Освен изјавите на државниот врв дека на земјава ѝ се закануваат руски дезинформации и хибридни напади, граѓаните и организациите немаат информации какви мерки презема државата против руското влијание и пропаганда, вели аналитичарот Жарко Трајановски. Според него, иако државата пред многу години воведе стратегија за борба против дезинформациите, до сега ништо не се знае за ефектите.

Експертот Рисана Алексоска, вели дека руските наративи и дезинформации кај нас се присутни многу пред почетокот на војната во Украина.

Аналитичарот Зоран Бојаровски, вели дека главен партнер на агресивниот руски наратив и политика е самата Руска православна црква, а патријархот на сите литургии давал политички пораки во одбрана и поддршка на Путин и неговата агресија.

Петрит Сарачини, од Институтот за медиуми и аналитика вели дека ниту медиумите кај нас не работат доволно против руските дезинформации. Дури и ги објавуваат без воопшто да ги проверат.

„Освен некритичкото пренесување од медиумите, не гледаме војна во влијателните медиуми против дезинформациите. Го нагласив тоа што го работиме со ТВ АЛСАТ и со емисијата ‘Полиграф’. Тоа е единственото вклучување на национална телевизија“, рече Сарачини.

На дебатата организирана од Институтот за медиуми и аналитика, експертите открија повеќе факти за дезинформациите и битката што Русија ја води во оваа сфера на глобално ниво.

/Алсат М

Коментар(2)

  1. Руска пропаганда во Македонија? Да ја имаше досега ќе можеа конкретно да ја посочат барем еднаш. Но антируска политичка кампања од естаблишментот има во вид на дежурен виновник за сите неуспеси на властите.

  2. Единствена пропаганда која е погубна во Македонија е ЛГБТ пропагандата. Единствена пропаганда која е преприсутна во секој јавен простор и агол е анторуската. Руска пропаганда нема никаде… Станавме русофоби, расисти и словенофоби.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *