Почетна Политичка теологија Евангелско протестантска поддршка на протестот на МПЦ-ОА против законот за родова еднаквост
Евангелско протестантска поддршка на протестот на МПЦ-ОА против законот за родова еднаквост

Евангелско протестантска поддршка на протестот на МПЦ-ОА против законот за родова еднаквост

844
0

Македонската православна црква доби поддршка и од протестантските цркви во Макеоднија во протестот за законите за родова еднаквост и матична евиденција.

-Согласно нашите анализи и апели за јавна дебата и соодветен општествен дијалог по повод македонското ратификување на Истанбулската Конвенција во 2017 година, Евангелско Протестантска Инцицијатива ги изразува истите загрижености и во однос на носењето на Закон за Родова Еднаквост.  Евангелско Протестантските Цркви на Македонија, здружени во Евангелско Протестантската Иницијатива даваат целосна поддршка на протестот во организација на МПЦ-ОА во четврток на 29 Јуни, 2023 година и ги повикуваат своите членови да бидат дел од истиот. Законот во сегашната форма има клучни неприфатливи сегменти и претставува неприфатлив општествен експеримент на многу нивоа, а најповеќе со ненаучната релативизација на клучната биолошка, медицинска категорија „пол“. Општество кое сака да озакони експериментална родова идеологија и истата да им ја пласира на децата – нема иднина.  Затоа, апелираме до надлежните институции да не брзаат со донесувањето на овој контроверзен закон, туку да отворат дијалог со сите клучни чинители во нашето општество за истовремено да се засили борбата против дискриминација по било кој основ, без притоа таа да се води еднострано и за сметка на нашите деца, стои во соопштението на Евангелско Протестантска Иницијатива, во која членуваат, Евангелска Соборна Црква, Евангелска Црква на Македонија, Евангелско Методистичка Црква, Евангелско Протестантска Црква „Гласност“, Слободна Евангелска Црква „Добра Вест“, Христијанска Баптистичка Црква „Радосна Вест“, Христијанска Црква Божји Глас, Христијанска Црква Слово на Надеж, Христијанска Црква Оаза, Христијанска Црква Тринитас, Христијански Центар 490.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *