Во интервју за српскиот весник Курир, Патријархот на Ерусалим. Теофил одбегна одговор на прашањето за која од двете страни во украинскиот црковен спор – Москва или Вселенската патријаршија смета дека е во право.
-По прогласувањето на автокефалноста на Украинската православна црква, дојде до раскол меѓу Вселенската патријаршија и Московската патријаршија. Чии аргументи ги поддржувате и колку е штетна оваа состојба за целото православно христијанство, е прашањето од интервјуто.
– Како патријарх на Ерусалим и чувар на Христовиот гроб и на светилиштата на Светата земја, се молам за единството на сите православни христијани. Мојот одговор е јасен: Се молам за единството на сите православни христијани и не сакам да коментирам на начин што може да влијае на единството на православните христијани и на православното христијанство воопшто. Важно е сите православни христијани да бидат дел од една, света, соборна и апостолска црква. Оние што разбираат што значи света, соборна и апостолска црква, добро разбираат кој е мојот одговор на вашето прашање, изјавл Теофил.
Овој одговор покажува дека Ерусалимската патријаршија не сака да падне во каква било изолација со јавно поддржување на Москва или Цариград и смета дека еднострано прогласениот раскол од страна на РПЦ е штетен за црковното единство. Сепак, одговорот може да се толкува и како што значи дека сите православни христијани, вклучително и оние во Украина, е важно да припаѓаат на една Христова црква и не можат да бидат оставени во раскол.
/DVERI.BG

