Почетна Вести Христијанство Епархијата Повардарска во сите населени места на епархијата ги прскаше улиците со света вода за престанок на пандемијата
Епархијата Повардарска во сите населени места на епархијата ги прскаше улиците со света вода за престанок на пандемијата

Епархијата Повардарска во сите населени места на епархијата ги прскаше улиците со света вода за престанок на пандемијата

666
0

Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денескa во Велес и сите градови и населени места свештеници од Повардарската епархија со света вода ги попрскаа улиците. При тоа беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза.

– Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви,појаснуваат од Епархијата Повардарска со седиште во Велес.

Митрополитот Повардарски Агатангел порача Бог да ја благослови нашата татковина и да ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *