Ифтарските вечери не се само настани за собирање на верниците од муслиманската веросиповест во рамки на месецот Рамазан, туку веројатно многу позначајни моменти кои имаат и политички импликации. Кој дошол, кој недошол, кој со кого соедел, кој организирал, а кој неоргарнизирал Ифтар се само дел од моментите од кои можат да се прочитаа многу пораки во овој месец.
Последната таква Ифтарска вечер беше онаа во организација на Премиерот на Албанија Еди Рама и неговата сопруга Линда Рама кои организираа ифтарска вечера за верниците по повод светиот месец Рамазан, пишува ТВ21.
На настанот биле поканети и политички личности од регионот и од земјата, а на исто место се најдоа и Али Ахмети, Фатмир Лимани и Арбен Таравари.
Таравари му се заблагодари на Рама за поканата и гостопримството, истакнувајќи: „Ви благодарам што му давате значење на овој возвишен и толку важен месец.“
Дел од настанот беше и Бујар Османи, кој изјави дека присуствувал на ифтарот во Тирана на покана на премиерот Рама. Тој информираше дека имал и разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа.
Сепак не сите се задоволни од оваа ифтарска вечер. Владеачката ВЛЕН препозна повеќе политика, отколку религија во овој настан. Седењето на иста маса на Ахмети, Таравари и Лимани, кој се уште е министер во владата на Мицкоски, предизвика остри политички реакции кај ВЛЕН од чии редови е Лимани.
– Во интерес на вистината, а со цел да се прекинат различните толкувања за вечерашната ифтарска фотографија кај албанскиот премиер Еди Рама, очекуваме Фатмир Лимани лично да ѝ објасни на пошироката јавност зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари. По сè што јавно има изјавено против нив, Лимани има морална обврска да ги разјасни забуните што природно се наметнуваат – велат од Вреди за ТВ21.
Еден од водачите на Вреди Билал Касами, пак, изјави дека немало комуникација од негова страна во врска со средбата меѓу министерот Лимани и претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.
Од ДУИ велат дека домаќин на ифтарската вечера е албанскиот премиер Рама и дека тој одлучува кого ќе покани. Од партијата на Ахмети негираат дека Лимани ќе премине во ДУИ и не веруваат дека премиерот Христијан Мицкоски ќе го разреши, бидејќи како што велат, и претходно Лимани бил „соло играч“.
Од друга страна, ифтарската дружбата на Лимани со Ахмети во Тирана, во прилог ѝ оди на ВЛЕН од каде не кријат дека при реконструкцијата на Владата, најавена од Мицкоски, сакаат да се „ослободат“ од министерот за социјална политика Лимани.

