Денеска во Кичево на свечениот настан по повод „Богојавление Водици“ најсреќен беше Драган Ѓорѓиоски (39) кој го извади светиот Крст од осветените води. На овој настан учествуваа повеќе од 40 учесници.
Прекрасно е чувството да се биде дел од оваа манифестација, уште како дете сонував за овој момент, денеска за прв пат учествував и Господ ме избра мене светиот Крст да дојде до моите раце. Оваа духовна радост, ја посветувам на мојот татко Зоран Ѓорѓиоски кој не е повеќе помеѓу нас физички, но е длабоко во душата и во мислите. Знам дека се радува, бидејќи живееше за „Водици“, тоа за мене и мојата фамилија од с. Раштани е најголемо духовно исполнение.
– Бог се јави, да сте ми живи и здрави, за Порта.мк истакна Ѓорѓиоски.
Кичевското свештенство му подари рачно изработена икона „Распетие Христово“ со благослов од свештенството на нашиот уметник Марјан Тренески, г-ѓа Жанета Милановска-Петреска го дарува исто така со икона на Св.Јован Крстител и кумовите, додека генералниот спонзор „Зегин“ и градоначалникот на Општина Кичево г-дин Александар Јовановски го даруваа најсреќниот со паричен ваучер, односно Златен Крст, посакувајќи му многу здравје, среќа, љубов и бериќет.
Овој настан целосно го реализиравме во живо преку нашиот медиум, заедно со помагателите од „Фото Зоран“, „Виктор Алексоски“
Во останатите кичевски села исто се одржуваше традиционалната манифестација. Во Другово најсреќен беше Марјан Мојсоски, во с.Белица Ивица Радески, во с.Цер по трет пат најсреќен беше Петар Којчески

