Димовски честиташе Божик на Глаголица – каква порака испрати?

Date:

Share post:

Поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски го честиташе Божик на три писма што се користеле низ изторијата на Македонија. Честитката ја напиша на Глаголица, Кирилица и на современата македонска кирилица.

Како што објасува во честитката, Глаголицата е писмо на Охридската книжевна школа од 9 и 10 веки, Кирилицата писмо на Охридската школа по 10 век.

„Христос се роди! Навистина се роди! Да ви се живи и здрави фамилиите! Да е жива Македонија!“, напиша Димовски на Фејсбук.

Со постот сподели знаме на црвена основа со златно-жолт крст, познатиот струмички или вељушки крст. Дали тоа може да се толкува како порака до МПЦ-ОА за промена на нејзиното официјално знаме со овој симбол, пресудете сами!.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img