Верски календар: 30 јуни
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. првомаченици на Римската католичка црква.
Како што пишуваат римските историчари Тацит и Светониј, царот Нерон наредил да биде запален Рим. Тој ги обвинил христијаните дека тие го запалиле градот. Тие живееле според Божјите заповеди и ги опоменувале тие кои не живееле како нив. Затоа царот Нерон наредил голем број христијани да бидат измачувани. Меѓу римските маченици се вбројуваат: Ловро, Александар, Сиксто, Фабијан, Марчелин, Агнеза и други.

