Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА ќе одбележи 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид.
За овој настам за еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, денеска во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.
Покрај локалните свештеници од Охрид, во богослужението ќе земат учество и гостите од Српската православна црква, 0главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработна на Православниот богословски факултет во Белград прот. ст. Владимир Вукашиновиќ.

