Официјална делегација на Вселенската патријаршија престојува во Грузија на средба со новиот патријарх Шио.
Информацијата на социјалните мрежи ја објави страницата „Новости на Вселенската патријаршија“.
-На 16 мај 2026 година, делегацијата на Вселенската патријаршија, предводена од митрополитот на Англија Никита, се сретна со новиот грузиски патријарх.
Според соопштението на Патријаршијата, утре, на 17 мај, претставници на различни православни цркви ќе учествуваат на заедничка литургија.
Неделната литургија ќе ја предводи католикос-патријархот Шио III“, се наведува во соопштението.

