Дебарско-кичевската епархија се поднови со нов сајт

Date:

Share post:

Дебарско-кичевската епархија ја пушти новата интернет страница, која треба да биде релевантен извор на информалции за настаните од оваа епархија. Страницата www.dke.mk има модерен дизајн во кој се поместени голем број содржини. Дел од нив се поврзани со структирата на епархијата, црквите, манастирите, значајните објекти во епархијата. Дел пак се поврзани со информативни елементи за активностите на епархијата.

Сајтот има и линк кој води до петходната интернет страница, линкот е насловен како АРХИВА. Но, кога ќе го отворите тој линк ќе забележите малку чудна информација. Во делот за митрополит може да се прочита биографијата на актуелниот митрополит Георгиј. Она што е уште позачудувачки е што пишува дека веста за таа биографија е објавена 2015 година. Тоа само по себе укажува дека митриполит уште во 2015 година бил Георгиј, а не покојниот Тимотеј. Но, веројатно станува забор за ненамерна грешка, како резултат на незнаење во рботење со интренет портали.

Како и да е идејата да се има архива е добра сама по себе, но таа архива треба да биде архива на историјата на епархијата, нешто што го немаат речиси ниту една од интернет страниците на епархиите. А, би било добро да има информации барем за митрополитите кои претходно управувале со епархиите.

Дополнително на новиот сајт на епархијата има и дел во кој се преземени вести од литургија.мк, што само по себе е потврда дека овој сајт е официјален сајт на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img