Бугарскиот премиер Румен Радев денеска бил на консултативна средба со Светиот синод на Бугарска православна црква, околу најавите за санкции на ЕУ кон рускиот патријарх Кирил.
БПЦ по средбата објави кратко соопштение посочувајќи дека по разгледување на прашањето за евентуалните нови санкции против Русија, кои би ја вклучиле и личноста на московскиот патријарх Кирил, донел одлука дека тоа „не е во негова надлежност“ и нема да заземе став.
Ваквиот став на БПЦ индиректно може да се толкува како дистанцирање на Бугарската црква од ова прашање и од одлуките на владата на Радев.
Премиерор пак на Фејсбук објави бугарската држава и Бугарската православна црква споделуваат заедничка мисија за духовното здравје на бугарскиот народ и дека историски гледано, Бугарската православна црква отсекогаш била столб на националната меморија, култура, историја и традиции, а нејзината улога и понатаму е исклучително значајна во свет раздиран од морална криза и вештачки наметнуван нихилизам.
-Зачувувањето на единството на Бугарската православна црква е приоритет, бидејќи тоа го олицетворува духовното единство на нашиот народ. Кон тоа придонесува и идејата на Бугарската православна црква за воспитување на младите луѓе во добродетели и за утврдување на тие вредности во општеството. Заедно работиме и на зачувувањето и развивањето на врските со бугарските заедници во странство, напиша Радев на Фејсбук, без да прецизира детали за клучното прашање.
Сепак официјалниот став на Синодот на БПЦ, повторно ќе предизвика реакции во бугарската јавност, бидејќи според некои тамошни аналитичари, тој став е неодреден иако може да се толкува дека Радев нема официјална поддршка од БПЦ да ги блокира санкциите на ЕУ кон Кирил. Но од друга страна, јавниот став на Патријархот од пред неколку дена, кој застана зад Радев и можноста неформално Синодот на БПЦ да се согласува со политиката на Радев е сосема извесна, а во јавноста се дистанцира од таквото прашање, со цел да не предизвика реакции кај Вселенската патријаршија, со која изминатиов период БПЦ гради добри односи, а јавна тајна е една од причините е да спречи издавање Томос на МПЦ-ОА со име Охридска Архиепископија.

