Бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил пристигна во Истанбул во својата прва мирна посета на Вселенската патријаршија. Посетата, која се одржува на покана на вселенскиот патријарх Вартоломеј, започнa на 25 декември и ќе трае до 28 декември.
Патријархот Даниил е придружуван од црковна делегација во која членуваат митрополитите Западно и Средноевропски Антониј, Варненски и Великопреславски Јоан, Русенски Наум, Старозагорски Кипријан, Врачански Григориј и Видински Пахомиј. Во делегацијата е и мелничкиот епископ Герасим, кој е главен секретар на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ).
Делегацијата беше пречекана од митрополитот Силивриски Максим, митрополитот Анкирски Григориј, в.д. протосингел, и архимандритот Јаков.

