Бугарската црква отвори официјална страница на фејсбук

Date:

Share post:

Бугарската православна црква отвори официјална страница на социјалната мрежа „фејсбук“. Страницата е креирана со официјално решение на Светиот Синод на Бугарската Патријаршија.

bpc fb 2БПЦ е една од ретките православни цркви, која има своја официјална страница на оваа социјална мрежа.

Покрај оваа официјална ФБ страница на Бугарската патријаршија, таа отвори ваква страница и за Синодот на БПЦ.

На овие страници, БПЦ ќе пренесува навремени информации за изданијата на црковната литература што се печати под незино уредништво, како разни други официјални информации на патријаршијата.

bpc fbСо оваа одлука, Бугарската патријаршија се придружува на трендот што веќе го практикуваат Грузиската Патријаршија, Грчката Архиепископија, Албанската архиепископија, за комуникација и преку социјалните мрежи.

Во МПЦ пред пет години се водеше дебата дали свештениците и владиците треба да ги има на социјалните мрежи. Имаше и неформална одлука за забрана за фејсбук профили, која сепак не заживеа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img