Бугарија воведува предмет Добродетли и религија во образовниот систем, откако во Парламентот поминаа измените, во прва фаза, на законот за основно образование.
По жестока дебата, пратениците со мнозниство гласови дадоа зелено светло за неколку законски измени, меѓу кои е и внесување на верското образование во училиштата.
169 пратеници гласаа ЗА, тројца беа Против, а 28 Воздржани. Овој предмет ќе може да се изучува во три форми. Едната е Религија-православие, втората Религија-Ислам, или Добродетели. Сепак законските измени не предвидуваат оценување на предметот. Станува збор за изборен премет, и како што најави министерот за образование на Бугарија К. Влчев, на ниту едно дете нам принудно да му биде наметнато да учи религија. Добродетели пректично е варијанта на етика и морални вредности, кои се некаква комбинација со религиските вредности.

