Почетна Вести Христијанство Бигорскиот манастир со голема посетеност
Бигорскиот манастир со голема посетеност

Бигорскиот манастир со голема посетеност

203
0

Древното македонско светилиште, бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, низ вековите и денес претставува духовен центар не само на Македонија туку и пошироко, на Балканот. Констатацијата ја потврдува големата посетеност на гости и верници од православниот свет на Европа, а особено од соседните држави и Русија. Монашкото братство предводено од игуменот, архимандрит Партениј, кој со голема љубов и стрпливост успеа замрената духовност во манастирот и во Долна Река и Мијачијата да ја издигне на многу високо ниво, на населението му ги врати љубовта кон Бога и традицијата да ги посетуваат црквите и манастирите, да присуствуваат на богослужбите, на литургиите, да ги празнуваат и почитуваат верските празници со обичаите и ритуалите како и во минатото.

– Нашите манастири бележат пораст на посетеноста на верниците и на посетителите, не само во периодов на духовната пролет, како што уште се нарекува Светата четириесетница – што, секако, самата по себе привлекува повеќе луѓе – туку континуирано, во текот на целата година. Тоа се должи, пред сѐ, на редовните секојдневни и празнични богослуженија, на монашкиот подвиг и молитви, преку кои дејствува божјата благодат и ги привлекува душите обременети од товарот на немирот и гревот, давајќи им одмор, спокој и внатрешна радост. Се трудиме, според нашите скромни можности, да му излеземе во пресрет на секој намерник, знаејќи дека гостољубието е една огромна христијанска добродетел – ни говореше отец Партениј пред празникот над празниците – Велигден.

Во чест на претстојниот голем празник Велигден, манастирскиот комплекс на Бигорски блескаше со сиот сјај, празнично украсен со знамиња, со цвеќиња, особено восхитува цветниот епитаф што го симболизира Христовиот гроб, кој го изработија монасите, со помош на монахињите од манастирот „Св. Георгиј“ од дебарското село Рајчица.

/Н.Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *