
Настанатите случувања последните денови на Балканот се брзи и важни.
Пред неколку дена Северна Македонија му забрани влез во земјата на водичот (шефот) на Метохот на Руската Православна Црква во Софија, архимандритот Васијан Змеев, наведуваат медиумите на Северна Македонија. Паралелно, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија извести за протерувањето на тројцата руски дипломати, коишто се обвинуваат за прекршување на дипломатските правила.
Согласно со медиумите на соседната земја, рускиот клирик во последната година ги координирал сите политики на Православната Црква на соседната земја во сѐ што се однесува на црковната дипломатија, нешто што одведе во состојба на целосна стагнација на нејзините врски со Вселенската Патријаршија за целосното признавање на нејзината автокефалија.
Исто така, Претседателот на Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски во негово скорешно интервју откри дека одредени Митрополити на Охридската Архиепископија соработуваат со руските разузнавачки служби.
По забраната од Северна Македонија следеше протерување од Бугарија.
На 21 септември 2023 г. владата на Бугарија го задолжи претпоставениот на метохот на Руската Православна Црква во Софија, архимандритот Васијан Змеев, заедно со секретарот на метохот, протојереот Евгениј Павелчук и еден службеник на метохот да ја напуштат територијат на државата во рок од 24 часа, бидејќи нивното престојување во Бугарија „претставува закана за државната безбедност“.
Ја имаме, всушност, врежано познатата – по руската инвазија во Украина – реалност за православните земји на Балканот: владите се префрлија на страната со Украина и веќе ја гледаат со… други очи „Света Русија“, додека пак Црквите остануваат приврзани на руската кочија, целосно неоправдано.
Во одредено известување на Бирото за комуникации на одделот за надворешни црковни врски на Патријаршијата на Москва, помеѓу другото читаме:
„Бруталната мерка на полициско самоволие кое го спроведува владата на Бугарија насочена е кон поткопување на традиционално пријателските врски помеѓу двете сестрински Цркви, има за цел да ги предиспонира еден против друг двата братски народи, коишто се сврзуваат со заедничка историја и една вера. Убедени сме дека плановите на првопричинителите на ваквото навредливо дејство ќе пропаднат. Патријаршиите на Москва и Бугарија ќе ја зачуваат нивна заедница вкоренета во вековите и нема да ја предадат историската памет на нашите народи“.
Московската Патријаршија напаѓа директно на владата на Бугарија и смета дека „плановите на првопричинителите на ваквото навредливо дејство ќе пропаднат!“
Москва гледа дека црковната дипломатија – нејзината шпионажа губи терен во традиционално пријателски кон неа земји. И тоа е нешто што тешко се враќа, бидејќи не станува збор за „русофобија“, туку за состојба која треба да биде проверена – конечно – за да не избега целосно од контрола.
Оттука, колку известувања и да издаде Волоколамскиот Антониј, нека знае уште отсега дека не успеа неговата агресивна политика – и секако, на неговиот претпоставен, Московскиот Кирил. На руското навлегување полека-полека му доаѓа крај на Балканот, штом веќе Русија е во аголот и ќе остане таму, доколку носителите на одлуки на руската црковна дипломатија не ги сфатат пораките на времињата.
Нека го има на ум тоа митрополитот Волоколамски Антониј, дека ќе ја последува, порано или подоцна… среќата на претходникот на Волоколамск, Иларион: Ќе биде унапреден… во митрополит Португалски, да речеме.
Толку собрани неуспеси – следуваат и други – нема да останат неказнети.
Во истиот час, срам предизвикува изјавата на Московскиот Кирил за последните развивања на настаните во Нагорно Карабах: „Со сплотено срце бев известен за повторувањето на непријателските дејствија во Нагорно Карабах, првите жртви на конфронтацијата, која повторно се вжешти.
Со декади Руската Православна Црква го презема секој неопходен обид за востановувањето на мирот во оваа благословена земја, и заедно со духовните водичи на Азербејџан и на Ерменија помага во дијалогот помеѓу религиозните заедници на народите на двете соседни држави“.
За мртвите руси од руската инвазија во Украина ниту збор! Не постојат, кога веќе не постојат за владата на Путин! Наспроти тоа, се натажува за жртвите во Нагорно Карабах! Да не зборуваме за Украинците – жртви на руската инвазија. Тие за Московскиот Кирил не се луѓе, тие се Украинци!
Но, вашите мртви, грозоморне, ќе ви се одмаздат! Од нив нема да се отарасате ниту во сегашниот ниту во идниот живот. Светот на убиените е посилен од нивните убијци.
Пишува: Панајотис Анд. Андриопулу (фОСТФАНАРИ)
Руската црковна дипломатија да ги сфати пораките на времињата? Како изгледа тоа? Од кога тоа Црквата каска зад духот на времето? Еве, кутриот Папа Франциск конечно ги сфати пораките на времето и одлучи да ги благословува хомосексуалните парови. Нема да ги венчава, за почеток само ќе ги благословува. Лека-полека… апсолутно во чекор со пораките на времето. Какви се’ не глупости се подготвени луѓето да кажат и да напишат, па и душата да си ја загубат, за пуста власт, пари и допадливост “во духот на времето”!