Почетна Вести Христијанство Бадникова поворка по вторпат во Дебар – „Вечниот бог“ ќе се пее низ главната улица
Бадникова поворка по вторпат во Дебар – „Вечниот бог“ ќе се пее низ главната улица

Бадникова поворка по вторпат во Дебар – „Вечниот бог“ ќе се пее низ главната улица

190
0

Во Дебар се е подготвено за најубавиот настан во годината „Бадниковата поворка“ по повод Христовото раѓање, потврдуваат организаторите.

Главниот настан ќе се случи во понеделник на 6 јануари 2020 година, со почеток во 11:00 часот, а збирно место за сите учесници ќе биде кружниот тек во близина на општината.

Во поворката се очекува да учествуваат четириесеттина деца од Дебар и од неколку села од подрачјето на Река, придружувани од нивните родители и други граѓани.

Децата носејќи во раце златни ѕвездички и пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос, пеејќи ја песната “Вечниот бог“, ќе поминат по главната улица „Осми септември“, новото шеталиште, се до црквата „Св. Петка“, во долниот дел на градот.

Таму ќе бидат пречекани од Намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски кој учесниците во поворката ќе ги дарува со пакетчиња, обезбедени од повеќе донатори.

Бадникова поворка во Дебар по првпат беше организирана минатата година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *