Архиепископот Стефан доби копија од Привилегијата од Леополд Први

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски Стефан добил копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година.

Копијата од овој значаен документ му ја предал проректорот на Европската христијанска академија од Летонија, професор Георги Гоце Дуртаноски од Рига.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис е проф. Георги Гоце Дуртановски. Со овој документ царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. Ова е втора копија – првата професорот Дуртановски ја подари на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како највисока државна институција, а втората копија за највисоката црковна институција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here