Високиот гостин од Православната црква на Америка, архиепископот Михаил, пред да ја посети Македонија, бил во посета на СПЦ на Косово. Во Грачаница го пречекал митрополитот рашко-призренски Теодосиј, кој го запознал со историјата на манастирот и со животот на Црквата во Косово и Метохија.
-Патиштата на Светиот владика Николај Жички и Охридски, кој своевремено бил професор во Богословијата „Свети Тихон“, ги доведоа денешните претставници на оваа знаменита институција и во Косово и Метохија. За време на својата посета на јужната српска покраина, гостите, покрај манастирот Грачаница, ги посетија и Пеќката патријаршија и манастирот Високи Дечани, запознавајќи се со духовното и културното наследство на Српската православна црква. Во срдечниот разговор што следеше по обиколката на светилиштето, беа разменети искуства за животот на Црквата во Србија и во Соединетите Американски Држави, со посебен осврт на значењето на богословското образование и сведочењето на православната вера во современиот свет, стои во објавата за неговата посета на Грачаница.
Како што објави СПЦ, посетата поминала во духот на братска љубов и меѓусебна почит, со молитвени желби за понатамошно зајакнување на духовните врски меѓу Српската православна црква и Православната црква во Америка.

