На заседанието на Светиот Синод на Антиохиската Патријаршија, одржано во Баламанд, Либан, на 13 октомври 2025 година, како одговор на барањето на верните во областа Александрета (Хатај) и Мерсин, Синодот — воден од пастирска грижа и за доброто на Црквата — реши да основа нова епархија во Турција под името „Епархија на Тарс, Адана и областа Александрета (Хатај)“.
Оваа нова епархија ќе ги опфаќа покраините Адана, Мерсин и Александрета (Хатај), со исклучок на градот Антиохија, кој останува историска катедра на Антиохиската Патријаршија.
Одлуката беше донесена со благослов на Неговото Блаженство Јован X, Патријарх Антиохиски и на целиот Исток, и со согласност на Нивните Високопреосвештенства: митрополитот Атанасиј на Латакија и нејзините околии, и митрополитот Ефрем на Алепо, Александретa и нивните околии — кои дејствуваа со длабоко чувство на пастирска одговорност.
Ќе биде назначен Патријаршиски помошен епископ за духовно раководење на оваа новооснована епархија, а Неговото Блаженство ќе го надгледува спроведувањето во пракса на оваа одлука.
Како последица на тоа, името на поранешната „Епархија на Алепо, Александрета и околии“ е изменето во „Епархија на Алепо и околии“.
/литургија.мк

