Група од 25 анархисти упаднале во солунската црква „Св. Григори Палама“ и ја прекинале неделната богослужба, јавуваат грчките медиуми.
Меѓу верниците и насилните млади имало и судир, а службата била обновена дури откако групата била исфрлање од храмот. Полицијата ги уапсила сите анархисти.
Сепак ова не е прва провокација на локалните анархисти против Солунска митрополија. Во февруари годинава група анархисти упаднаа во зградата на Митрополијата и со црвена боја ги бојадисаа ѕидовите и кабинетите на вработените. Причината повторно беше спор за зграда, црковна сопственост окупирана од анархистите.

